Необичен инцидент се случил на летот од Далас за Колумбија, кога пијана патничка почнала да го навредува персоналот, исмејувајќи се со големината на гениталиите и ниските плати на полицајците, пренесува Дејли мејл.
Жената која одбила да им го даде името на полицајците кажала дека испила само две „многу силни“ водки во барот на аеродромот, но пелтечела за време на апсењето.
Полицијата за инцидентот била известена откако жената со телефонот удрила тројца вработени во „Американ ерлајнс“.
Цело време таа викала, ги навредувала и ги исмевала нивните плати од 60.000 долари, големината на пенисот, сексуалниот живот и врескала за нејзиниот статус на чест патник.
Од она што полицијата успеала да го утврди, проблемите започнале кога таа се обидела да се качи на летот.
Една вработена изјавила дека ѝ рекла оти мора да го намали бројот на рачните торби бидејќи има премногу, што ја налутило.
„Реков ок, само оди. Кога стигна до вратата, почна да вика и да пцуе од непознати причини“, изјавила таа во полиција.
Пилотот излегол од авионот и ѝ рекол дека не може да лета бидејќи се однесувала непристојно и со струјардесите.
Таа станала агресивна и почнала да снима на нејзиниот телефон, доаѓајќи лице в лице со тројца вработени кои рекле дека се удрени.
Двајца изјавиле дека сакаат да поднесат обвиненија за напад.