На денешниот протест на обвинетите во случајот „Монструм“ се случи инцидент дел од демонстрантите се обидоа да се конфронтираат со полицијата. На видеата од протестот, можат да се слушнат петарди, а се гледа како некои од учесниците вербално и со камења, се конфронтираат со полициските службеници.
На протестот на кој голем број од присутните не носеа заштитни маски, се носеа пароли „Гласот на Албанците бара правда”, „Алфите го монтираа Монструм”, „Политички процес”, „Просрпско судство” и други, а се скандираше УЧК-УЧК.
Качен на автомобил, Бедри Ајдари, роднина на еден од обвинетите во Монструм, одржа говор, во кој побара слобода за обвинетите, рече дека тие не се терористи и не се сторители на делото.
Ескалација на протестите за „Монструм“, петарди и камења за македонската полиција! pic.twitter.com/WRzdA9nzYg
— Charles Boycott (@JohnnyParka) January 29, 2021