Инцидент на Денот на полицијата: Полицајци се онесвестија пред очите на министрите (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Неколку полицајци се онесвестија за време на одбележувањето на Денот на Македонската полиција во Центарот за обука во Идризово, откако подолго време стоеле на силното сонце, поради доцнење на церемонијата и долгите говори. Настанот беше фокусиран на успехот на полицијата во борбата против криминалот, но инцидентот ја засени свеченоста. Присутните колеги и медицински екипи брзо интервенираа, а обраќањата продолжија во сериозна атмосфера. Дел од присутните оценија дека организацијата треба да биде подобро прилагодена на временските услови.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com