Гореше автомобил со скопски регистерски таблички во Кочани. Според информациите на полицијата од пожар било зафатено патничко моторно возило “Цитроен Пикасо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на лицето Т.Л (53) од Скопје .
Пожарот избувнал во пределот под уредот за управување и ја зафатил електричната инсталација , по што возилото само се придвижило наназад и удрило во соседната зграда.
Пожарот бил изгаснат од страна на ТППЕ-Кочани. По овластување на Јавен обвинител извршен е увид на лице место.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.