Синоќа во текот на литургија по повод православниот Божиќ, во Соборната црква Преображениот Господово во центарот на Загреб се случи инцидент. Имено, инцидентот го предизвикала жена која се дерела и ги навредувала православните верници, објави РТЛ.
„Се дереше, викаше и ги навредуваше православните вернци. Полицијата реагираше за десетина секунди и тоа е за пофалба. Никој од верниците не реагираше. Вакво нешто не смее да се случи, посебно на еден вака голем верски ден. Утре е Божиќ и православните ќе го дочекаат по својата традиција како и секоја година, синоќа изјави новинарот на РТЛ Борис Мишевиќ.
Полицијата брзо ја привела жената која го предизвикала инцидентот.
„Добивме дојава. Нашите службеници брзо си ја завршија својата работа, а жената доби прекршочна пријава поради нарушувањето на јавниот ред и мир“, изјавија од полицијата.