Потпретседателот на опозициската Демократска партија, Еди Палока, го погоди со мастил премиерот Еди Рама и ја засени ратификацијата на Протоколот за членство на земјава во НАТО. Инцидентот следуваше откако премиерот Рама, му се обрати на лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој повеќе зборуваше за „криминалот на Владата“ отколку за ратификација на Протоколот
По речиси 10 минутни турканици обезбедувањето по барање на спикерот Грамоз Ручи, го отстранија Палока од собранската сала, а дополнително му е одредена казна за десетдневна забрана за влез во Парламентот.