Инфлуенсер запеа хит на Џенифер Лопез на црвениот тепих, таа го прекина (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Џенифер Лопез на премиерата на нејзиниот нов филм „Kiss of the Spider Woman“ на почетокот на неделата доживеа слатка, но и малку незгодна ситуација кога еден новинар се обиде да ја импресионира пеејќи, но го погреши текстот.

Пејачката го поправи без двоумење, и сè се случи на црвениот тепих во Њујорк.

56-годишна Џенифер ја воодушеви публиката во авангарден фустан од Харис Рид, чии детали од корсетот личеа на пајакова мрежа, почит кон насловот на филмот. Но, модната комбинација беше засенета кога ѝ се приближи 21-годишниот инфлуенсер Хари Даниелс, познат по тоа што ги пронаоѓа ѕвездите и ги пее нивните песни.

Симпатична музичка незгода

„Аххх, тоа е е*ената кралица“, возбудено извика тој и драматично падна на колена и почна да вреска.

Неговиот настап ја збуни пејачката на почетокот, но набрзо таа го препозна од виралните видеа на TikTok. „Оној што пее!“, рече таа со насмевка. Потоа Хари започна со изведба на нејзиниот хит од 2011 година „On the Floor“, а Џенифер дури и му се придружи. Сепак, работите добија неочекуван пресврт кога инфлуенсерот го погреши текстот, заменувајќи го „ла“ со „на“. Лопез го прекина и веднаш го поправи: „Пишува: ‘ла, ла, ла’“. Тој се извини и продолжи да пее, а целата интеракција заврши со пријателска прегратка.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com