28-годишната Чеси Кинг минатата година станала мајка на девојчето Рае .
Девет месеци подоцна, таа ја споделила реалноста на родителството со нејзините 775.000 следбеници на Инстаграм. Таа се соблече до крај и објави фотографија направена при крајот на бременоста и денес.
„Девет месеци во подготовка. Девет месеци будење секоја вечер. Ден пред нашата средба и утрово“, напишала таа и признала на нејзината ќерка веќе почнале да ѝ никнуваат заби и дека таа полека почнува да лази.
„Тато вели дека на неа нема трага од мама. Откако таа е тука, не спиев цела ноќ. Се смее секогаш кога ќе го види нашето куче Хуго. Плаче секогаш кога ќе влезе во кола. Добива најмногу љубов што сум ја почувствувала во животот“, заклучила таа и собрала бројни пофалби за откривањето на реалноста на родителството, како и 64 илјади лајкови.
„И двете сте прекрасни“, „Мило ми е што не сум единствениот чие дете мрази автомобили“, „Колку е потешко мајчинството, толку е поисполнето“, се некои од коментарите.