Инфлуенсерка со бујни облини налутено побарала од една авиокомпанија да ги зголеми седиштата во авионот затоа што „не може да го собере нејзиниот голем задник“.
Имено, 26-годишната Грејси Бон од Панама сподели видео од предизвиците со кои се соочува секој пат кога лета, вклучувајќи го и врзувањето на појасот. Потоа се гледа како шета низ аеродромот, гледа назад, се насмевнува и ја покажува својата фигура.
На објавеното видео девојката вика дека „авионите треба да имаат поголеми седишта“ и понатаму објаснува дека „не е таа крива што има голем задник“.
– Зголемете ги тие места! – истакна инфлуенсерката со бујни облини, пренесува Daily Mail.
Таа го сподели видеото на Инстаграм со своите пет милиони следбеници, а набрзо собра 1,3 милиони прегледи и 3.500 коментари.
Сепак, нејзините облини не им се допаднаа секому и гледачите побрзаа да истакнат дека таа самата си направила проблем, откако се одлучила за бројни операции. Коментарите беа во огромен број негативни, а еден корисник напиша: „Она што ви треба е поголем мозок“, додека друг му предложи „да купи две места наместо едно, бидејќи очигледно има доволно пари да си ги дозволи“.
Во меѓувреме, едни се пошегуваа дека требало да „земе воз“, а други истакнаа дека „никој не ја принудил да се оперира“.
Сепак, некои корисници се согласија со манекенката, а еден коментатор истакна дека „и онака ѝ треба поголемо седиште и појас што нема толку тврда тока“, додека друг објасни дека „половина од задникот секогаш ѝ паѓа“.
Некои дури и застанаа во одбрана на несреќната инфлуенсерка и истакнаа дека единствената операција што ја направила е затегнување на стомакот и нагласија дека „колковите ѝ се природно толку големи“. Сепак, не е потврдено на кои операции била подложена панамската манекенка.