Маршал Хобсон беше осудена за малтретирање и принудување на нејзините седум посвоени деца да глумат во видео клипови кои имале над 250 милиони прегледи на Јутjуб.
Заради кликнувања, прегледи, па дури и пари, таа ги тепала своите посвоени деца, ги изгладнувала, па дури и ги прскала со солзавец.
Таа почина во затворската болница во 2019 година. Сепак, таа не е ниту прва, ниту последна од инфлуенсерскиот свет, која била подготвена за перверзни и бизарни активности заради кликови, лајкови и споделувања.
Иако, за среќа, има многу повеќе инфлуенсери кои имаат позитивно влијание врз нивната публика, сепак има неколку кои не знаат за границите, дури и толку многу што зазема екстремни размери.
Еден од најекстремните случаи се случи на почетокот на декември минатата година.
Фан на популарниот руски Јутубер Стас Рифлеј му понудил 1.000 долари доколку ја натера својата бремена девојка Валентина Григориева да излезе на тераса само во нејзината долна облека.
Неговата задача била да ја заклучи и да ја остави на терасата, иако температурата била под нулата. Валентина била во рана фаза на бременост, а наскоро откако Рифлај ја заклучил на терасата, починала од хипотермија.
Нејзината шокантна смрт доведе до низа реакции во заедницата на интернет.
Наскоро, почнаа да пристигнуваат барања за итна забрана за интернет „насилство во реалноста“, што е лесно достапно за секого, па дури и за децата.
Следните случаи не предизвикаа ничија смрт, но секако беа многу опасни и бизарни.
Манекенката од Русија реши буквално да виси од зградата со цел да направи добри фотографии за социјалните мрежи. И таа не е единствената што прави вакво нешто.
Оваа инфлуенсерка е фотографирана покрај нејзината покојна мајка, што го објасни под фотографијата.
Со цел да предизвика што повеќе коментари, таа се одлучи за оваа бизарна работа – слика покрај отворен ковчег.
Ова „ТикТокерка“ ја снимала реакцијата на девојчето додека ја прскала со силен млаз на лицето. Покрај голем број прегледи, ова нејзино однесување наиде на многу осуди од нејзините следбеници.
Едно момче сметало дека ќе биде забавно ако стави многу сапун во реката. Овој негов несовесен потег го уништи целиот екосистем, но видеото стана вирално.
Студентка од Мексико позираше на балконот, обесена наопаку. Паднала оттаму, кршејќи ги двете нозе и претрпела пукнатини на рацете, колковите и главата.