Можеби некои долгорочни последици од короната допрва ќе се прикажуваат, но веќе е јасно дека здравјето на некои пациенти стана доста комплицирано после оваа болест, поради што се враќаат во болниците.
Крис Лонг (54) возел велосипед три пати неделно и одел на предавања со план да докторира, но откако се разболел од корона, дури седум пати завршил во болница, пишува Њујорк Тајмс.
Короната, во март, буквално го срушила.
„Не можев да застанам на нозе. Ползив до вратата“, рекол Лонг, кој само се сеќава како ја турна раката низ отворената врата за да може екипата на брза помош да го најде и да се онесвести. Тој се разбудил три дена подоцна во болницата затоа што случајно ги искинал цевките на респираторот со кој бил поврзан. После уште два дена тој бил во доволно стабилна состојба да се врати во неговиот стан во близина на Детроит.
Сепак, тоа било само почеток. Наскоро, неговите бели дробови повторно почнаа да го болат, имал лесна треска и кашлица што го дави. За помалку од 20 дена се појавил зеленикаво-жолт секрет што укажува на повторно воспаление на белите дробови. Нивото на кислород во крвта се намалил и пулсот забрзал, па тој завршил повторно во болницата во близина на неговиот дом, каде што бил задржан седум дена. Дел од тоа време го поминал на интензивна нега.
Повторно бил хоспитализиран во април, потоа во мај, па во јуни, потоа во август, па во септември
Лонг, кој е поранешен воен консултант за тенкови, претходно имал некои здравствени проблеми, вклучувајќи згрутчување на крвта во белите дробови и неправилно чукање на срцето, но вели дека бил полн со енергија и многу функционален пред ковидот.
„Сега имам лузни на белите дробови, пулмонална фиброза и само 75. до 80. проценти од моите бели дробови работат“, рекол тој, додавајќи дека забележал и некои когнитивни проблеми.
„Ќе прочитам 10. страници и пет минути подоцна, после телефонски повик, веќе не можам да се сетам на она што го прочитав“, опишал Лонг.
Срцевата аритмија што ја држел под контрола од 2018. година повторно се влошила. Ако не спие на работ од каучот, срцето на Лонг прескокнува и го повикува својот лекар.
„Не можам да спијам во кревет и не спијам ноќе. Дури и малите движења, како што е станување и одење во кујна, ме исцрпуваат“.
Тој се обидел да започне физикална терапија во јуни, но му било кажано дека не е подготвен. Во август, тој нагло станал и паднал поради тоа, и вели дека се чувствувал збунето. За време на неговиот престој во болницата, лекарите откриле дека неговиот ментален статус е променет, а исто така го лекувале и од дехидрираност, пневмонија и откажување на белите дробови.
Во октомври повторно добил пневмонија, но успеал да го надмине воспалението дома со големи дози на антибиотици. Кога пулмологот го повикал на преглед во декември, тој рекол дека не можел да дише шест секунди на тестот.
Тој постојано ги мери температурата и заситеноста со кислород и вели дека чувствува дека проблемот ќе започне веднаш штом ќе го заболи во градите.
„Ова никогаш нема да запре и ќе биде дел од мојата иднина“, заклучил Лонг
Неговиот случај е екстремен, но истражувањата покажуваат дека се’ поголем број на пациенти се враќаат во болниците, со компликации предизвикани од вирусот или кои се резултат на напорите на организмот да се бори против него. Несоодветната грижа се споменува и како една од причините – предвремено отпуштање од болница или лоши услови за лекување дома. Ова не се однесува само на пациенти кои се разболеле сериозно за прв пат.
„Дури и ако имаа многу благи симптоми за прв пат, најмалку третина од пациентите се појавија со значителни проблеми помеѓу два и три месеци подоцна. Се’ поголем број луѓе повторно ги примаме затоа што во одреден момент ќе кажат дека не се добро“, вели д-р Елефтериос Милонакис, раководител на одделот за инфективни болести на Универзитетот Браун.
Меѓу пациентите кои се повторно хоспитализирани, многумина имаат респираторни проблеми, но некои се јавуваат и поради згрутчување на крвта, срцеви проблеми, сепса, гастроинтестинални проблеми и други проблеми. Некои имаат невролошки нарушувања.