Студија, која проучувала двојки, каде двајцата партнери биле изложени на корона вирусот, а сепак само еден заболел од Ковид-19 помага во расветлувањето на дилемата зошто некои луѓе се отпорни на вирусот.
Научниците веруваа дека таквите случаи се ретки, но повикот до волонери кои одговараат на тој профил резултираше со јавување на околу илјада двојки.
На крај, биле земени примероци од крв од 86 двојки, за детална анализа.
Гените придонесуваат за активација на ткн. „клетки природни убијци“
Резултатите укажуваат на тоа дека резистентните партнери почесто имаат гени кои придонесуваат за поделотворна активација на таканаречените клетки „природни убијци“, кои се дел од почетниот одговор на имуниот систем на микроорганизми.
Кога тие правилно ќе се активираат, може да ги препознаат и да ги уништат заразните клетки, спречуваат развој на болеста, објаснија научниците во студијата објавена во магазинот „Frontiers in Immunology“.
„Оваа студија не може да докаже дека ова се случува“
„Нашата хипотеза е дека геномските варијанти кои најчесто се наоѓаат во сопружникот подложен на инфекција доведуваат до производство на молекули кои ја инхибираат (спречуваат) активацијата на природните клетки убијци“, вели водачот на студијата Мајана Зац од Универзитетот Сао Паоло во Бразил.
Но, оваа студија не може да докаже дека тоа се случува, додава таа.
Дури и ако тој заклучок се потврди со повеќе истражувања, би требало да се истражи и придонесот, односно влијанието на други имуносни механизми, велат научниците