Еден од најголемите боксери во историјата и повеќекратен шампион во апсолутна категорија, Мајк Тајсон, имал сексуални односи пред своите мечеви за титула, за да се опушти. Ова го тврди неговиот поранешен телохранител и личен возач, Руди Гонзалес.
Гонзалес тврди дека Тајсон не бил пребирлив кога станувало збор за партнерките.
„Една од најголемите тајни на Мајк беше таа дека мораше да има секс во соблекувалната пред борба. Тоа мораше да го прави за да се ослободи од вишокот енергија. Мојата задача беше да пронаоѓам девојки и да му ги носам во соблекувалната“, открил телохранителот за англискиот весник „Sun“ и додал:
„Мајк ми велеше: Ако немам секс, ќе го убијам овој лик во рингот, веднаш. Неговиот најголем страв беше дека ќе го убие противникот бидејќи знаеше дека може да го стори тоа. Сексот беше негов начин да се ослободи од силата и да се опушти“.
Тајсон често знаел и одненадеж да заплаче во соблекувалната:
„Имаше проблеми со анксиозноста. Беше очаен и загрижен, имаше панични напади поради кои се чувствуваше лошо. Се плашеа дека ќе го затворат или ќе заврши во стариот кварт ако не биде добар во боксот“, вели Гонзалес.
Мајк Тајсон владееше како неприкосновен шампион во тешка категорија од 1987 до 1990 година. Во 1992 година беше обвинет за силување на 6 години затворска казна, но по 3 години беше пуштен на условна слобода. Официјално се пензионираше во 2005 година.