Доктор Нико Беќаровски кој со своите корисни совети особено се истакна во оваа пандемиска криза, со пост на својот Фејсбук профил даде интересен предлог околу делницата Кичево – Охрид . Имено, тој предлага да се организира работна акција, како во старите добри времиња, со цел да се заврши патот:
“На целата делница Охрид-Кичево, ДЕНЕС изброив вкупно ОСУМ работници (од кои само ЧЕТВОРИЦА нешто работеа), два булдожери и еден валјак кои активно работеа.
Дајте организирајте една ветеранска работна акција, ние поранешните бригадири да Ви го завршиме патот.
Барем нашите внуци да возат по нормален коловоз, а не по “ораница”.
P.S. за ѓубрето по целиот пат до Скопје друг пат“ – напиша Беќаровски
Инаку, автопатот Кичево – Охрид во должина од 57 километри почна да се гради во 2014, а по проблемите кои настанаа на трасата првичниот рок за завршување предвиден за 2018 година, со анекс на договорот беше пролонгиран за крајот на месецов.
Comments are closed.