Четири години откако замина во пензија, фудбалските фанови во Македонија бараат назад во студиото да се врати Златко Калински и да биде специјален гостин за Европското првенство на кое ќе игра Македонија. Калински 42 години беше еден од најпрепознатливите гласови во македонскиот етер и ја водеше публиката во преку 2.100 преноси во разни спортови, а сега публиката бара да се појави како специјален гостин во отвореното студио на МТВ за ЕП 2020 на кое ќе дебитира Македонија.
Ваква иницијатива се на фановите се појави на Фејсбук страната „Спортска Македонија“.
ИНИЦИЈАТИВА – како порака до МТВ!!!!
НА БАРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАВИВАЧИ!!!!!!!
Да се овозможи од МТВ доколку е можно, маестрото КАЛИНСКИ да биде посебен гостин во отвореното студио за ЕП, од каде ќе се пренесуваат дуелите на МАКЕДОНИЈА – се наведува во иницијативата.