Индискиот регулатор за лекови ја одобри првата во светот ДНК вакцина против Ковид-19 за итна употреба, пренесува Би-Би-Си.
ЗиКов-Д вакцина, која се дава во три дози, спречува симптоматско заболување кај 66 отсто од вакцинираните, покажаа студиите кои ги објавија производителите на вакцината Кадила Хелткер.
Компанијата планира годишно да произведува 120 милиони дози на вакцина.
Претходните ДНК вакцини добро делувале на животните, но не и на луѓето.
Индија досега искористила повеќе од 570 милиони дози на три претходно одобрени вакцини – „Ковишилд“, „Коваксин“ и „Спутник В“.
Досега околу 13 отсто од возрасните се целосно вакцинирани, а 47 отсто примиле барем една доза вакцина од почетокот на кампањата за вакцинација во јануари 2021 година.