Еден од најинтригантните бракови во Холивуд е помеѓу актерот Џорџ Клуни и Амал Клуни. Брачната двојка, која ја чува приватноста и семејниот живот надвор од очите на јавноста се разведува, а сето тоа се должи на ефектите од пандемијата од коронавирус и живеењето во изолација.
„Џорџ не е навикнат некој да му наредува и не го поднесува тоа, а Амал започна да ја гуши целата врска и не сака цело време да чисти зад него“, изјави извор за медиумите, додавајќи дека и двајцата се подготвени за развод, тежок 500 милиони долари.
Животот во изолација така пресуди на славната двојка, која има двегодишни близнаци Ел и Александар.
Сепак, нема официјална потврда за наводите, а со оглед дека за нивниот развод веќе се пишувало неколку пати, јавуваат западните медиуми.