Гоца Божиновска, Ана Бекута, Стоја… се само дел од српските пејачки кои станале мајки а не биле полнолетни.
Гоца Божиновска била средношколец кога забремени со композиторот Раде Вучковиќ кој во тој период бил во брак. Гоца ја родила ќерката Јелена, но љубовта помеѓу Гоца и Раде не траела долго. Нејзината ќерка ја пораснале бабата и дедато додека Зорица заработувала за живот пеејќи по локланите кафани. Неколку години подоцна родила уште две деца во врска со Зоран Шијан.
Ана Бекута е исто така една од пејачките што родилакако тинејџерка, и од тој период има син Игор.
“Бев ужасно исплашена, особено во текот на бременоста, но исто така знаев дека еднаш стравот ќе исчезне. По ужасни и тешки душевни трауми и дилеми кои ги имав во тој период го однесов синот Игор во дом. Голем дел од моето срце е оттогаш скршено и тие рани никогаш нема да заздрават ” изјавила Бекута.
Постариот син Дејан, Зорица Марковиќ го родила кога имала само 15 години. Таа се омажила со неговиот татко, армоникаш од крајот, но бракот не траел долго.
Стојанка Новаковиќ Стоја се омажила и со само 17 години го родила нејзиниот син Милан. Но, по само три години брак, нејзиниот сопруг загинал во сообраќајна несреќа.
Зорица Брунцлик ја родила ќерката Марија на возраст од неполни 18 години.