После натпреварот меѓу Вардар и Барселона место да има славење насекаде низ Келн и задоволство кај сите приврзаници на Вардар, сепак, не можеше да помине сè како што се посакуваше.
Во близина на Ланксес арена дојде до немили сцени. Пијани навивачи на Вардар се истепаа меѓусебе, а според информации од очевидци и од полицијата, причината за тепачката било знаме на кое пишувало „Фантоми-Гевгелија“.
При тепачката има повредени. Најтешко минаа неколку од навивачите кои заработија скршеница на ногата, потрес на мозокот, повреда на око… Во близина на местото каде што дојде до немили сцени има десетина полициски автомобили, дваесетина полицајци и две возила на Брзата помош.
„Ова е срамота. Се истепаа млади навивачи на Вардар, кои не знаат што значи да бидеш комита и како се навива за Вардар“, вели еден од присутните кој бил сведок на тепачката.
(извор: 24 ракомет.мк)