Директорот на рускот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробилогија „Гамалеја“, Александар Гинсбург соопшти дека вакцината Спутник V против Ковид-19 покажала исто ниво на ефикасност во сите старосни групи.
„Спутник V покажа исто ниво на ефикасност во сите старосни групи. На почетокот имаше сомнежи за ефикасноста на вакцината кај повозрасни од 60 години затоа што нивниот имунолошки систем е помалку активен и може да произведе послаб одговор. Меѓутоа ништо од тоа не беше потврдено и вакцината добро делува и кај луѓето повзрасни од 60, 70 и 80 години“ – изјави Гинсбург.
Според неговото објаснување, сите вакцинирани покажале добар имунолошки одговор и добро ја поднеле вакцината. тој тврди дека ефектот од Спутник V може да трае и повеќе од две години.
Масовната вакцинација на возрасното население во Русија почна на 18. јануари. Има можност за избор меѓу двете вакцини Спутник V и “EpiVakKorona”.