Поранешниот министер за здравство Имер Селмани се очекува да биде заеднички кандидат за градоначалник на партиите од власта за Град Скопје.
Како што пишуват албанските медиуми во земјата, од извори од власта дознават дека изненадувањето кое што го најави лидерот на интегративците за во сабота, е токму објавувањето на кандидатурата на Имер Селмани за градоначалник на Град Скопје.
Доколку се земе во предвид политичкиот багаж на Селмани, тој е најприфатлив за сите партии од власта. Имено, како претседателски кандидат Селмани освои голем број на македонски гласови, и од таа причина овие партии се надеваат на победа.
Вчера исто така се во медиумите се појавија шпекулации дека зад изненадувањето на Ахмети стои можната кандидатура на Изет Меџите, кој што во изминатиов период имаше низа несогласувања околу работата на дел функционерите на ДУИ.