Шер со одушевување беше пречекана на модното шоу на “Балмен“ во Париз. 76-годишната музичка ѕвезда ја затвори ревијата на француската модна куќа и ги изненади присутните.
Легендарната пејачка зачекори на пистата во тесен костим, а потоа го покани креативниот директор Оливие Рустан да ѝ се придружи. Прегрнати, тие продолжија заедно да чекорат на пистата.