Познатата американска реалити ѕвезда и некогашна актерка и модел, Лиса Рина, ги изненади фановите споделувајќи фотографија на која позира без ниту едно парче облека на себе.
Славната 60-годишна Лиса споделила провокативна фотографија на која се гледа нејзиното голо тело, а најинтимните делови ги прекрила со емотикони во облик на срца. Но, сепак ништо не препуштила на фантазијата.
Лиса која е позната по атрактивниот и сексапилен имиџ, иако е во 7-та деценија од животот, тврди дека инспирација за ова скандалозно селфи пронашла во серијата „Schitt’s Creek“ и ликот од истата, Мојрa Роуз, кој инаку го толкува нејзината колешка Кетрин О’Хара.
„Мојра Роуз вели дека треба да правите што е можно повеќе голи фотографии додека сè уште можете и да ги славите. Добро, Мојра“, напишала Рина на фотографијата која ги изненади нејзините 3,7 милиони следбеници.