Популарната Кери од култната серија „Сексот и градот“ привклекува внимение каде и да се појави, па ниту овојпат изгледот на Сара Џесика Паркер не можел да помине незабележано.
Имено, американската актерка, продуцентка и дизајнерка на чевли е фотографирана во популарното приморско летувалиште Хемптонс во близина на Њујорк, додека на плажа се опуштила со добра книга и со својот сопруг.
Се појавила на плажа без грам шминка и со „незадолжителна“ пунџа на главата, со просед израсток и едноставен костим за капење во црна боја.
Сара во едноделниот костим за капење изгледала како повеќето жени, па на прв поглед веројатно не би ја препознале.
Жената од која секогаш се очекува да биде кралица на стилот покажа дека и таа е горда на своите години и дека конечно сака да се опушти во животот, а како што и самата изјавила за „Allure“, не разбира зошто луѓето трошат толку време размислувајќи за нејзината коса и изглед.
„Но навистина не размислувам за тоа. Луѓето размислуваат повеќе за моите години, отколку јас. Кога сакам да излезам, сакам да се чувствувам добро – според мои стандарди и единствено тоа ми е важно. Едноставно не ми е доволно грижа за мислењето на сите други“, рекла Сара.