Американската телевизиска ѕвезда и водителка Брук може да се пофали со прекрасна линија на тело во 52-та година од животот, на која ѝ завидуваат и многу од помладите колешки, но сега е познато во што се крие нејзината тајна.
52-годишната Брук ексклузивно за „Daily mail“ споделила еден од своите трикови со помош на кој ќе го одржите беспрекорниот изглед, а всушност тоа е прилично едноставно.
Се докажало дека убавицата никогаш не дозволува да биде желна за храна поради тоа се потпира на мали, но здрави залчиња за да не се препушти на лошите избори. Исто така таа ги консумира сите свои оброци во рамките на одредена временска рамка.
Брук исто така е позната по доследното вежбање, па така често прави брзи вежби дома, а на социјалните мрежи е популарна и по 10-минутните вежби.
„Вежбањето е толку тешко, но има толку многу предности. Ви го придвижува метаболизмот, ја обликува вашата срж. Ја развивате силата во горниот дел од телото. Тоа навистина е предизвикувачки и на крај имате одлично чувство дека нешто сте постигнале“, изјавила таа.
А, и дека самата таа многу постигнала можеме да се увериме од нејзините фотографии на Инстаграм на кои гордо позира и го покажува своето затегнато тело.
Брук исто така некогаш ги красела страниците на магазинот „Playboy“, а сега кога тие денови се зад неа обожавателите можат да уживаат во моментите од нејзините секвенци кои ги споделува на социјалните мрежи.