Како тинејџер, Кристл Кејтур (29) работела како дадилка и чувала многу деца. Но, како што пишува Мирор, сè се променило кога се заљубила и се омажила за еден од татковците на тие деца, кој е 20 години постар од неа .
Таа сподели видео на ТикТок во кое ја сподели својата приказна и шокираше многу корисници. Поранешната дадилка објаснила дека е со мажот шест години, а во брак три години, а тој бил разведен кога се запознале и се заљубиле еден во друг. Покрај новиот сопруг, таа имала и ќерка, девојка на која порано и била дадилка и која денес има 19 години. „Иако биолошки не е моја – таа е моја девојка и ја сакам“, тврди Кристл.
Таа додала дека има свој син, од претходната врска, по породувањето на 18 години, но и дека нејзиниот сопруг има одлични односи со него и го прифатил како свој син.
Нејзиното видео брзо стана вирално на социјалните мрежи и собра повеќе од два милиони прегледи, а многу корисници во коментарите се шегуваа на сметка на нивниот брак.
„Секогаш паѓаат на дадилка“, коментира еден корисник, додека друг додаде: „А сега ја чуваш неговата ќерка потполно бесплатно“.