Американката Пејџли Милер (29) секое утро се буди во креветче, менува пелени (на кои троши повеќе од 200 долари месечно) и ужива во омилените играчки.
Таа е многу активна на социјалните мрежи каде ги опишува своите секојдневни активности. Пејџи има и стотици претплатници кои ѝ помагаат да купи сѐ што и е потребно за да ги задоволи нејзините потреби.
Звучи бизарно? Веруваме дека многумина би одговориле потврдно, а можеме да додадеме дека науката го препознава овој тип на пореметување и професионално го нарекува парафилен инфантилизам.
Пејџ тврди дека ги користи социјалните мрежи за да им помогне на сличните луѓе, да го надминат срамот што го чувствуваат, но и да го финансира својот живот.
„Бебешкиот живот“ функционира од 2018 година, приватно и јавно. Таа вели дека цел живот се чувствувала „поинаку“, а кога почнала да истражува повеќе, сфатила дека постои заедница на луѓе како неа.
„Секогаш собирав играчки и имав детска смисла за хумор. Ако се однесувате како да не е голема работа, луѓето полесно ќе ве прифатат. Кога станав полнолетна, почнав подлабоко да пребарувам на Интернет и сфатив дека нè има повеќе“, изјави Пејџли.
„Поединците не разбираат зошто возрасен би сакал да се однесува или да живее како дете. Сè е поврзано со начинот на размислување да дозволите малите нешта да ви носат радост. Сè уште функционираме како возрасни. Ние правиме работи за возрасни, како плаќање сметки, но имаме дополнителна одговорност да го одржуваме нашиот животен стил“, рече таа.
Пејџли нагласува дека е дискретна во јавноста и не ѝ се допаѓа што некои ја доведуваат во прашање нејзината интелигенција. Таа има вереник кој го поддржува нејзиниот начин на живот и вели дека е среќна.
„Не обрнувам внимание на негативните мислења, не вреди. Никого не терам да живее исто како мене“, заклучила таа.