Фармер од Уганда, кој има 102 деца и 568 внуци, одлучил дека повеќе не сака да го шири своето семејство бидејќи трошоците за живот драстично пораснале.
Муса Хасаја (67) од Лусака ги замолил своите 12 сопруги да почнат да користат контрацепција бидејќи веќе не се во состојба да нахранат толку многу деца и внуци.
„Моите приходи од година во година се намалуваа, а семејството се прошируваше. Се женев 12 пати, никогаш не ми беше јасно како маж може да биде задоволен само со една жена“, вели тој.
Полигамијата е легална во Уганда, а сите негови сопруги живеат под ист покрив за да спречат некоја од нив да има врска со друг маж.
Две жени веќе го напуштиле Муса поради сиромаштија, а целата ситуација дополнително се влошила бидејќи тој повеќе не може да работи поради здравствени проблеми, пишува Metro news.
Неговата најмлада сопруга Зулајка, која му родила 11 деца, вели дека не сака повеќе да раѓа.
„Свесна сум колку е тешка финансиската ситуација и сега почнав да пијам апчиња за контрацепција“, вели таа.
Сепак, голем проблем е што контрацептивните таблети се табу тема во Уганда.
Неговото најстаро дете има 51 година, а најмалото само шест години.
Третина од неговите деца живеат со него под ист покрив на фарма во Лусака.