Адвокатката Амал Клуни стекнала голема слава по венчавката со Џорџ Клуни, но и нејзината сестра јавноста добро ја познава.
Прекрасната адвокатка за човекови права и сопруга на Џорџ Клуни, Амал Клуни, по игра на судбината станала и модна икона и жена која стекнала голема слава со изборот на својот животен партнер.
Нејзините успеси во кариерата и тоа како се фалени, Амал воедно станала и некој чие секое движење го интересира јавноста.
Амал Клуни е родена во Бејрут, во Либан, а пораснала со браќата Зијад и Самер, родителите Рамзи и Барија, како и помладата сестра Тала Аламудин.
Иако е поврзана со целото семејство, сепак Тала е нешто посебно за неа, па во 2014 година на својата венчавка ја избрала за кума.
Која е Тала Аламудин?
Како и Амал и Тала е родена во Бејрут во 1980 година, но семејството поради воените конфликти се преселило во Англија. И Амал и Тала се школувале во Ричмонд на американскиот национален Универзитет во Лондон каде дипломирала во1995 година.
Таа се венчала за бизнисменот Наги Ханиех, па потоа се преселила во Сингапур каде живее и денес. Откако во 2016 година се развела од сопругот, мајката на четири деца се омажила за италијанскиот бизнисмен Ник ле Талека.
Своето прво дете го родила во 2002 година, а потоа била задолжена да фрла ливчиња од цветови на венчавката на Амал и Џорџ.
Тала неколку години подоцна родила близнаци, додека полот и датумот на раѓањето на четвртото дете останало тајна.
„Мојот сон е сите жени да можат да живеат како што сакаат, без граници на културни стереотипи и самоограничени уверувања со пристап на ресурси, можности и средства да ја прегрнат самодовербата и да бидат најдоброто што можат“, изјавила Тала.