Холивудската глумица Мелани Грифит во последно време можеби не е толку активна кога се во прашање новите улоги. Но, таа е редовна мета на папарацо фоторепортерите, но и честа гостинка на холивудските собири и забави. Медиумите често пишуваат и го фалат нејзиниот младешки изглед, но и ја критикуваат на сметка на нејзините пластични операции.
Неодамна, папараците ја уловија Мелани на улиците на Холивуд додека одеше на ручек со својата блиска пријателка Ева Лонгорија. Прославената 64-годишна жена ја покажа завидната, витка фигура во спортски хеланки со проѕирни детали, памучна бела маичка и црни патики.
Оваа холивудска дива откри дека својот убав изглед го должи на редовното вежбање и избалансираната исхрана, а нејзината добра кондиција е уште повеќе за восхит ако се земе предвид фактот дека два пати се бореше со рак на кожата и долго време се бори со епилептични напади.
Едно време, таа отворено зборуваше за фактот дека не може да се справи со стареењето, поради што се свртела кон пластичната хирургија, која речиси го изобличила нејзиното лице.