Атрактивната инфлуенсерка и модел, Шантел Џефрис, не престанува да привлекува внимание со своето неверојатно тело.
Шантел има 31 година и тело од соништата, а неодамна открила на кој начин ја одржува линијата.
Глутенот, млечните производи, црвеното месо и рафинираните шеќери таа ги ограничила. Вели дека јаде на овој начин затоа што се разболува од таа храна и дека истата ѝ ја влошува кожата.
Таа консумира доволна количина на овошје и зеленчук, плус храна како овесна каша. Исто така хидратацијата има многу предности за телото, вклучувајќи и спречување на прејадување и одржување на чист тен
„Имам проблеми со многу различни намирници и кога ги јадам не се чувствувам добро, па се обидувам да го јадам она што треба да го јадам за да не ми е лошо“, изјавила таа.
„Се трудам да бидам подалеку од шеќерот. Не јадам млечни производи или глутен затоа што сум алергична, па само размислувам во текот на празниците за тоа, исто така сум физички активна… Кога и да сум дома, секојпат кога ќе јадам обилно сакам потоа да прошетам“.
Намирници кои главно ги консумира:
– овесна каша;
– авокадо;
– јајца;
– пилешко месо;
– зеленчук;
– кокос;
– маслиново масло;
– агава.
Што никако не јаде:
– рафинирани шеќери;
– глутен;
– млеко;
– црвено месо;
– преработена храна;
– рафинирани јаглехидрати;
– овошни сокови;
– компир;
– секое овошје со високо ниво на шеќер: манго, ананас…