Рускиот претсадател Владимир Путин планира да ја напушти претседателската функција на почетокот на следната година поради се поголемиот страв за своето здравје, тврдат московски извори, а пренесуваат британските медиуми.
Експерти за Кремљ рекле дека неодамнешните снимки покажуваат дека 68 годишниот челник има можни симптоми на Паркинсова болест, а упатените аналитичари тврдат дека девојката на Путин, Алина Кабаева(37) го моли да се ослободи од власта.
Посматрачите кои ги набљудувале неодамнешните снимки на Путин забележале дека нозете непрестано му се тресат и изгледало дека чувствувал болки додека се фаќал за потпирачот на столицата. Исто така се забележува дека прстите му се треселе додека држел пенкало или шоља за која се верува дека содржи коктел на лекови против болка.