Помина речиси половина век од првата поставка на култните „Чарлиеви ангели“, а токму улогата во оваа крими серија ѝ донесе светска слава на Жаклин Смит.
Таа уште кон крајот на 70-те години се устоличи како своевиден секс симбол, а со совршениот изглед може да се пофали и денес иако наголемо ја „гази“ осмата деценија.
Имено, Жаклин во октомври ќе го прослави 77-от роденден, но нејзините фотографии не го покажуваат тоа. Актерката изгледа речиси подеднакво младо и заносно како и во моментите кога беше Чарлиев ангел.
Неодамна на Инстаграм сподели фотографија на која позира во фармерки и бела кошула, со ноншалантни локни и сјајна шминка, а никој не би претпоставил дека оваа дама има повеќе од 50 години.
Смит ја краси лице без брчки, одлична фигура, негуван тен и бујна коса така што е навистина тешко да се поверува дека оваа дама се приближува до 80-те години од животот.
Иако веруваме дека естетската хирургија „вмешала“ прсти во нејзиниот фантастичен изглед, Жаклин е многу посветена на негата на кожа и тело – не ја прескокнува својата козметичка рутина, редовно вежба и практикува јога.
Во една прилика открила дека „магичното“ зелено смути кое секојдневно го консумира има удел во тоа што изгледа младо, но и што е полна со енергија, па го споделила рецептот за истото.
„Ова смути е толку вкусно и ми дава енергија. Во блендер ставете половина краставица, половина јаболко, едно стебло целер, една кришка ѓумбир, ¼ шолја спанаќ, ¼ шолја кељ и сок од ¼ лимон. Додајте вода за да прекрие половина од состојките, добро изблендирајте и испијте го смутито додека е свежо“, вели Жаклин.
Инаку Смит уште од 1997 година е во брак со хирургот Бред Ален кој е нејзин четврт сопруг. Има 2 деца – синот Гастон и ќерката Спенсер кои ги добила во третиот брак со режисерот Тони Ричмонд.