Дека телесните гревови не се меѓу најтешките, рече папата Фрањо, кој изјави дека сексот надвор од бракот не е „најтешкиот“ грев.
За време на сесијата за прашања и одговори со новинарите на летот за Италија од Грција во понеделникот, папата Фрањо рече: „Гревовите на телото не се најсериозни“.
Наместо тоа, поглаварот на Католичката црква рече дека гордоста и омразата се „најтешките“ гревови.
Папата беше прашан и за оставката на парискиот надбискуп Мишел Опети, кој на почетокот на месецов понуди оставка, откако во медиумите беше објавено дека е во интимна врска со жена.
Традиционално, архиепископите и високите членови на Католичката црква го почитуваат свештеничкиот целибат, што значи воздржување од секс.
Папата, кој ја прифати оставката на надбискупот, рече дека тоа е пропуст од негова страна, пропуст против шестата заповед, но не целосен.
Шестата заповед вели: „Не прави прељуба“.
Во текот на летот Папата изјави дека надбискупот е сменет од функцијата поради „озборувања“.