Седум лица се повредени, од кои едно потешко, кога хеликоптер кој превезувал срце за трансплантација морал принудно да слета во јапонската Фокушима.
Во хеликоптерот биле тројца полицајци, двајца техничари и две медицински лица кога тој изненадно слетал во оризово поле. Еден од медицинските лица се здобил со сериозни повреди, но не е животно загрозен.
Инаку, срцето е извадено од 50-годишен маж кој пред два дена бил прогласен за мртов. Бидејќи трансплтацијата може да се изврши најдоцна четири часа од вадењето на органот, откажана е истата која требаше да се изврши во Уневерзитетската клиника во Токио.