Богатството е нешто за што многу луѓе сонуваат и веројатно имаат разработени идеи за тоа што и како би ги трошеле парите, но не сите богати се расипнички, а некои дури и продолжуваат да работат откако ќе добијат џекпот.
Едно е сигурно, никој не очекува од мултимилионерите да живеат оскуден живот, а токму тоа го прави Ејми Елизабет, позната и како „најскржавата богаташка на светот“.
Нејзиното богатство се проценува на 5,3 милиони долари или пет милиони евра, но 52-годишната претприемачка од Лас Вегас се одлучила за прилично бизарен начин на живот. Ејми се појави во емисијата „Најголемите скржавци“ на TLC, каде една нејзина пријателка објасни како мултимилионерката има некои прилично чудни навики во исхраната.
„Еднаш дојдов кај неа и ми понуди сендвич со туна. Вкусот ми беше чуден, па ја прашав што точно има во него“, рекла таа. „Потоа погледнав кон шанкот и ги видов празните лименки со храна за мачки. Помислив: „О, не, таа не го направи тоа, нели? Но, за жал, одговорот беше потврден“.
Бидејќи храната за мачки туна е поевтина од лименка туна за луѓе, богатата жена редовно јаде животинска храна. „Заштедив 30 центи“, гордо објави таа во видеото покажувајќи лименка туна додека нејзиниот поранешен сопруг јаде сендвич со туна.
Освен што јаде храна за мачки, милионерката внимава колку долго се тушира и одбива да ги фрли искористените сунѓери додека тие буквално не се распаднат. Иако нејзиниот поранешен сопруг ангажирал чистачка за неа, Ејми ги одбива нејзините услуги, па тој ѝ помага да исчисти.