Ким Кардашијан на Инстаграм објави фотографија на која позира покрај гардеробер во градник и хулахопки.
„Мојата руса коса беше само перика. Го средувам шкафот“, напишала Ким под фотографијата. Но, она што следбениците веднаш го забележале е лошиот фотошоп кој старлетата сè почесто го користи.
„До мене е или има нешто чудно со нејзините нозе“, „Како може некој воопшто да биде така граден“, „Ким, сестро, само застани. Твоите објавуви се толку здодевни“, „Овој фотошопиран колк изгледа толку асиметричен“, „Нереално и чудно “, се само некои од многуте коментари за нејзиниот изглед.
И неодамна Ким се најде на метата на критичарите поради лошиот фотошоп, а следбениците и напишаа дека изгледа како да има три раце.