Нова, трета варијанта на коронавирусот се чини дека се појави во Нигерија, изјави денеска шефот на африканските центри за контрола и превенција на болести, Џон Нкенгасонг.
Тој додаде дека затоа е потребно да се спроведе дополнителна истрага.
Според првичните податоци, станува збор за различна варијанта во споредба со оние воВелика Британија и Јужна Африка, изјави Нкенгасонг пред новинарите, а пренесе АП.
Тој посочи дека нигерискиот центар за контрола на болести и африканскиот центар ќе анализираат одреден број примероци.
„Дајте ни време… Сè уште е многу рано“, рече африканскиот експерт.
„Предупредувањето за постоење на наводна нова варијанта на коронавирусот се заснова на две или три генетски секвенци“, додаде тој.
Африканскиот континент сега има повеќе од 2,5 милиони потврдени случаи на коронавирус, или 3,3 проценти од случаите на глобално ниво.
Инфекциите ширум континентот се зголемија за 10,9 проценти во последните четири недели, рече Нкенгасонг, вклучувајќи го растот од 52 проценти во Нигерија и од 40 проценти во Јужна Африка.