Апсолутно никој нема да препорача сексуален однос без кондом, особено не со личност што неодамна сте ја запознале. Сепак, кондомите наскоро би можеле да станат проблем. Поточно, нивните залихи.
Најголемиот светски производител на кондоми предупреди на глобален недостиг на овој производ, а се проценува дека ќе има залиха за само два месеци.
Седиштето на компанијата е во Малезија, и е производител на една петтина од кондомите во светот. Тие ги рестартираа производствените капацитети пред неколку дена.
Според компанијата, кондомите главно се произведуваат во Кина и Индија, а пандемијата особено ги погодува овие земји.
-Во меѓувреме, побарувачката рапидно расте, бидејќи властите ширум светот апелираат да се остане дома секогаш кога е можно, а паровите во моментов не размислуваат за потомство додека трае пандемијата, поради здравствени ризици, – рече Го Мијах Кјат, извршен директор на овие компании.
Инаку, компанијата произведува повеќе од пет милијарди кондоми годишно и ги извезува во повеќе од 140 земји.
Извор: Мондо.рс