Која е Нина Скочак (26), моментално најактуелното младо лице на хрватската политика, девојка која се кандидираше за функцијата пратеник во Европскиот парламент.
Нина е позната во Хрватска, таа е инфлуенсер и го запали регионот кога како да чита поезија го рецитираше текстот на песната на Јелена Карлеуша!
Ја следат 200.000 луѓе, па за кратко време собра потписи за нејзината кандидатура иако ја „боцкаа“ и испровоцираа дека нема да има ни 5.000.
Изгледа како да излегла од четириесеттите години на минатиот век затоа што сака, како што вели да се облекува, „винтиџ“, а се облекува, во продавници „од втора рака“ затоа што е голем поддржувач на одржлива мода.
Инаку, таа завршила два факултети и нејзината фраза е дека знаењето никој не може да ти го одземе.
Хрватската „24сата“ потсетува дека на TikTok се прослави прво со стрип видеа, а потоа и со интересните модни креации.
Во нејзините видеа често носи црвен кармин, кој стана нејзин заштитен знак, а омилени модни додатоци и се бисери, ракавици, забавни капи и ташни.
– Ужасно сум задоволна од процесот на пронаоѓање на богатство во куп фрлени работи. Сега 80 проценти од мојата гардероба е од „втора рака“ и не се сеќавам кога последен пат бев во трговски центар. Па, јас ја носам истата облека уште од основно училиште, ја пренесуваат хрватските медиуми нејзината изјава.
Таа собра голем број следбеници рецитирајќи познати турбо фолк песни во стил на поезија на социјалните мрежи.