Џорџ и Амал Клуни деновиве се во центарот на внимание, бидејќи ја промовираат новата серија „Квака 22“. Овој пат парот прошетал на црвениот тепих во Лондон, а друштво им правела мајка и’ на Амал, Барија Аламудин.
Амал Клуни, како и секогаш изгледала гламурозно во фустан од два дела, За свеченоста, 41-годишната адвокатка и активистка избра елегантна креација со корсет од колекцијата есен/зима 2018 на Ралф и Русо. Таа беше облечена во златно боди и црно здолниште.