Лидерот на британските конзервативци Риши Сунак и официјално е премиер на Велика Британија. Тој доаѓа на оваа позиција откако Лиз Трус поднесе оставка минатата недела, а нејзиниот претходник Борис Џонсон реши да се повлече од трката за прв човек на Конзервативната партија.
Главниот поддржувач на Риши Сунак во борбата за функцијата премиер на Велика Британија беше неговата сопруга Акшата Мурти.
Риши и Акшата се запознале додека студирале заедно на Универзитетот Стенфорд. Нивната средба била љубов на прв поглед, а за време на студиите ја менувал темата за да може да поминува повеќе време со неа.
Тие се венчаа четири години подоцна, поточно во 2009 година и по тој повод организираа дводневна прослава во Бангалор. Во 2013 година се преселиле во Велика Британија, а две години подоцна Риши станал пратеник за Ричмонд во Јоркшир.
Инаку, Акшата е ќерка на шестиот најбогат човек во Индија, милијардерот Н.Р. Нарајана Мурти, која е ко-основач на успешната ИТ компанија Infosys.
Акшата долги години работела во финансии и маркетинг, но ја напуштила таа област се посветила на својата голема љубов – модниот дизајн. Денес води модна куќа Akshata Designs, а како што има нагласено, профитот не ѝ е важен, бидејќи бизнисот го води од чиста љубов.
Британските медиуми во февруари 2020 година известиле дека двојката наводно поседува најмалку четири имоти, вклучувајќи и луксузна куќа со пет спални соби во Кенсингтон, чија вредност се проценува на околу 7 милиони фунти.
Риши во бракот со Акшата добил две ќерки Кришна и Анушка кои двојката успешно ги држи подалеку од очите на јавноста, а девојчињата немаат ни налози на социјалните мрежи за да биде осигурана нивната безбедност.
Побогата е од кралското семејство
Бројни извештаи покажуваат дека Акшата Мурти е неверојатно богата, а многумина проценуваат дека била побогата и од покојната кралица Елизабета Втора.
Како што се наведува, таа има 0,91% удел во технолошката фирма на нејзиното семејство, која вреди 430 милиони фунти.
Според Блумберговиот индекс на милијардери, нејзиниот вкупен имот изнесува 1,2 милијарди долари, што е околу 1,06 милијарди фунти. Тоа ја прави оваа Индијка побогата од кралското семејство.
Нејзиното семејство исто така има заедничко претприемништво со „Амазон“, кое годишно заработува 900 милиони фунти и акции во фирмата што ја води познатиот готвач Џејми Оливер, како и синџир на брза храна „Вендис“ во Индија.