Разлутен маж упаднал на конгрес на гинеколози во Балтимор и почнал да му удира шлаканици на панелист, тврдејќи дека сексуално ја вознемирувал неговата сопруга додека ја прегледувал.
Во видеото, крупен маж излегува на сцената, го фаќа лекарот од Лонг Ајленд за јака, а потоа почнува да му удира шлаканици. Запрепастениот доктор гледа наоколу за помош додека многу повисокиот човек го фаќа за врат и покажува кон него.
– Знаеш што направи! Пред седум години сексуално ја нападна мојата сопруга. Чекав седум години да те запознаам. Имаш среќа што не те убив – вика маж додека некој од публиката гласно го повикува обезбедувањето.
“You know what you did!” Husband storms stage and assaults doctor at Baltimore medical conference, accusing him of sexually assaulting his wife seven years ago. His angry tirade continues for two minutes. pic.twitter.com/H27eVsweEM
— Mike Sington (@MikeSington) June 3, 2023
Полицијата во Балтимор потврди за VMAR дека физичкиот напад врз докторот се случил на конференција на акушери и гинеколози на 20 мај. Лекарот, кој не е јавно идентификуван, според локалните медиуми, не е обвинет за никакво кривично дело.
– Лекарот кој беше нападнат изјави дека не сака да поднесе кривична пријава ниту да поднесе пријава против лицето кое физички го нападна и дека повеќе би сакал тоа лице да биде изведено надвор од просториите – изјавил портпаролот на полицијата.
Американскиот колеџ за акушери и гинеколози испрати е-пошта за инцидентот до своите лекари.
– Разбираме дека лекарите кои биле сведоци на инцидентот лично или на интернет, можеби доживеале траума, вклучително и многумина од вас кои во минатото доживеале сексуален напад или друго насилство – се вели во соопштението.