Роб Лоу на помладите генерации им е познат по улогата во серијата „Parks and Recreation“, но актерот започна да се занимава со седмата уметност во 1983 година.
Животот му бил исполнет со забави, опивање и скандал кој во еден момент му го уништи животот.
Новинарот Дејвид Блум го смислил прекарот „Brat Pack“ за актерот и неговата дружина во напис за „New Yorker“. Групата пријатели ја опишал како „лутачка група на познати млади ѕвезди во потрага по забава и жени“.
Меѓутоа, алкохолот не бил единствениот проблем на Роб во неговите рани 20-ти години. Пред дебитирањето на неговите еротски трилери „Bad Reputation“ и „Masquerade“, во јавноста исплива секс снимка на која славниот актер има односи со 16-годишна девојка и нејзината 22-годишна пријателка. Иако беше повеќекратно обвинет, на крајот сите обвиненија беа отфрлени. Скандалот бил опомена за Лоу кој по инцидентот се пријавил во клиника за одвикнување од алкохол и наркотици.
Роб во 2019 година, зборувајќи за скандалот, изјави дека тоа видео било најдобрата работа која му се случила во животот бидејќи го отрезнила.
„Од сите работи кои ми се случија во животот, тоа беше моментот во кој застанав и реков:
‘Вака не се живее’. Отидов на рехабилитација 48 часа подоцна“, изјавил Лоу.
Од тој момент, актерот целосно го променил својот живот и е трезен веќе 30 години.
„Од 26 години вложував во себе, во својата духовност, во своето закрепнување, својот брак, семејство. Многу од тоа беше е*ено тешко. И никој нема совршен живот, но благодарен сум на сето тоа“, вели Роб.