Млада спортска директорка во турскиот фудбал почина од коронавирус.
Како што соопшти тамошната фудбалска федерација од последиците на Ковид 19 во болница почина 29 годишната Кумсал Јилдиз, која била спортска директорка на клубот од Бурса,ФК Агакојспор.
‘Хуриет“ јавува дека Кумсал имала проблеми со срцето и пред неколку дена била примена во болница. Тогаш е откриено дека била позитивна на коронавирус.
Со жалење соопштуваме дека Кумсал Јилдиз, која покрај функцијата на спортски директор во Агакојспор беше задолжена и за следење на индивидуалниот развој на играчите, почина од коронавирус. Со длабока тага се простуваме од неа и посакуваме Бог да ја земе кај себе, а да го утеши семејството, пријателите и сите во нејзиниот клуб и спортското опкружување – се наведува во соопштението на Сојузот.