Глумицата од Јужна Кореја Сонг Јо-џунг починала на 26-годишна возраст, потврдила нејзината агенција во понеделникот.
„Актерката Сонг Јо-џунг само што не напушти“, напишале од нејзината агенција на Инстаграм. „Таа беше пријателка која секогаш ни пружаше среќа со светла насмевка и одлична актерка со повеќе страст од било кој друг“.
Сонг починала во саботата и во согласност со желбите на нејзиното семејство, погребот бил затворен, само за семејството. Во соопштението не се наведени причините за смртта.
Сонг Јо- џунг дебитирала во 2013. година како модел за козметичката компанија Estée Lauder. Истата година глумела во ТВ-драмата Golden Rainbow и добила споредни улоги во уште две серии во 2014. и 2017. година.
Нејзината последна улога била во 2019 година кога го толкуваше главниот лик во драмата Dear My Name.
Инаку, последните години има многу смртни случаи на млади и славни личности во Јужна Кореја. К-поп-sвездата Ким Јонг-Хјун си го одзел животот на 27-годишна возраст во декември 2017 година. Во октомври 2019 година, пејачката Сули била пронајдена мртва во нејзиниот дом на 25-годишна возраст. Околу шест недели подоцна, поп-пејачката Гу Хара (28) била пронајдена мртва во нејзиниот дом.