Џесика Воли колабирала и починала на работното место.
Оваа девојка имала 25 години. Позната е како поранешна мисица, а по учеството на натпреварот за убавина, ѝ се посвети на нова работа.
Имено, поранешна мисица и вљубеничка во коњичките спортови работела како менаџерка во шталите „Манор Хаус“ во сопственост на поранешната ѕвезда на Ливерпул Мајкл Овен. Овен и неговиот персонал се потресени од смртта на Џесика Воли, која, според сведоците, се онесвестила на работа.
“Толку млада, без здравствени проблеми. Животот е навистина премногу краток, затоа што никогаш не знаеме колку време имаме. Моите мисли се со нејзиното семејство и пријателите – напиша пријателката Џесика Меир на Фејсбук.
Екипата за итна помош вчера утрото околу седум часот и 30 минути пристигнала во „Manor House“. Набрзо потврдиле дека Џесика Воли е мртва.
“Повикот го примивме утрово во седум часот и 26 минути. Не можам да кажам повеќе детали – изјавил член на лекарскиот тим.
Полицијата соопшти дека смртта не се третира како сомнителна и дека најблиските на Џесика се известени.
“Со длабока тага ве известуваме дека утрово на работа почина високо ценет член на нашиот тим. Семејството е известено и роднините и тимот на Манор Хаус ве замолуваат за приватност во овој момент, се вели во соопштението.
Џесика Воли работела и за шеикот Хамдан бин Рашид Ал Мактум од Дубаи, кој поседува штали со чистокрвни коњи. Пред четири години таа ја претставуваше Британија на изборот за Мис туризам универзум во Бејрут, каде што се пласираше во првите 10 натпреварувачки, пишува Дејли Мејл.