Во Загреб, на 23 годишна возраст, ненадејно почина популарната хрватска инфлуенсерка, Дијана Де Марко.
Според објавите на социјалните мрежи девојката не се разбудила од сон. Семејството и пријателите се уште се немаат огласено во јавноста во никакви информации и детали.
-Се што имам да кажам е дека животот е непредвидлив. Се случуваат убави и лоши работи. Едноставно, ете сакав да и се заблагодарам на Дијана што ја познавав и што беше дел од мојот живот. Имам потреба да ви кажам дека повеќе ја нема и дека се ќе биде во ред, јас сум добро. Жално е што млади луѓе го напуштаат овој свет. Почивај во мир, објави нејзиното поранешно момче Паоло Фанизи, попознат како Фазо.
Дијана на социјалната мрежа „ТикТок“ ја следеа повеќе од 120 илјади следбеници и секојдневно ги развеселуваше со своите објави од различен тип – за пеење, шминкање, однесување пред огледало…
Шармантната девојка одела во Католичката гимназија во Пожега, а потоа се преселила во Загреб. Извесно време била во врска со Паоло Фанизи, познат како Фазо кој исто така е успешен тиктокер со повеќе од 200 илјади следбеници.