16-годишната Кајлија Пози која на само пет години се појави во емисијата „Toddlers & Tiaras“ на каналот Ти-ел-си, се самоубила, а трагичната вест ја потврди нејзината мајка.
– Немам зборови. Прекрасното девојче замина. Ве молам, дадете ни приватност додека го оплакуваме губитокот на Кајлија. Ќе остане моето бебе засекогаш – објавила Марси Пози Гатерман во вторникот, на Фејсбук, споделувајќи фотографија од својата ќерка во фустан.
Кајлија уште од најмладите денови била облечена во тесни фустани, а често на себе имаше и професионална шминка.
Подоцна, мајката на девојчето во изјава за ТМЗ рекла дека нејзината ќерка „донела избрзана одлука да стави крај на својот земен живот“. Нејзиното тело е пронајдено во автомобил во државниот парк Бирч Беј во Вашингтон во понеделникот, потврдија властите за „Дејли мејл“.
Килија неодамна го прослави својот 16-ти роденден и присуствуваше на матурската вечер во текот на викендот.
Кајлија Пози се појави во емисијата „Toddlers & Tiaras“ (Малите деца и дијадемите) која даде поглед од зад сцената на светот на детските натпревари. Во епизодата од 2016 година, мајката на Кајлија рекла дека девојчето почнало да учествува на натпревари кога имала три години.
За време на една епизода од шоуто од 2012 година, Кајлија, тогаш на возраст од пет години, ја направила познатата насмевка која стана вирална како мим, правејќи го нејзиното лице препознатливо и надвор од светот на „Малите деца и дијадеми“.