Боксерот Флојд Мејведер со 780 милиони заработка во последните десет години, а над милијарда заработени во својата кариера, беше официјално најбогатиот спортист. Меѓутоа во последно време Флојд почнал полека да го губи богатството.
Имено, тој на своите следбеници на Инстаграм им понудил да му платат 1.500 долари за неколку минути разговор со нив, со напомена дека може да го пробаат тоа и за 60 долари, но тогаш не би било сигурно дека би ве извлекле за разговор, затоа што боксерот ќе организирал лотарија.
Останува прашањето, како успеал да изгуби толку пари кога пред неколку години не знаше што да прави со нив?
Првичните информации за тоа, ги сервирал некогашниот УФЦ шампион Чаел Сонен, коментирајќи ја изјавата на Мејведер од ноември минатата година ‘дека во 2020-та година, иако 43-годишен, уште еднаш ќе се врати во борбите’.
„Сигурно знам дека повторно ќе се бори, барем уште еднаш, и тоа не затоа што сака, туку затоа што нема пари, а не сака да продава недвижнини и своите автомбили. Сите знаеме дека заработи огромна сума пари во својата кариера, но луѓе, мора да го сфатите ова: Мејведер е баш глупав човек! Затоа што не е важно колку си заработил, туку колку си потрошил. А, глупавиот потрошил се“ – вели Чаел Сонен.
Поранешниот пријател на Флојдов, раперот Фифти Сент, минатата година изјавил:
„Ќе го гледате на тезгите во локалните биртии. Освен доколку некој не му понуди голема сума пари за некоја нова борба. Затоа што… Флојд нема повеќе пари. Готово, заминаа!“.
Инаку, во рингот Мејведер имаше 50 победи во исто толку мечеви, од кој 27 со нокаут.
За потсетување минатиот месец неговата бивша жена беше пронајдена мртва, а неговата ќерка го избоде своето момче.